Во новата епизода на „Како си?“ разговаравме со Живко Барбутов за менталното и духовното здравје, отфрленоста, промената на животниот правец, товарот што го носи еден пастор, молитвата кога работите не се менуваат и потребата да имаме луѓе кои ќе ни ги постават прашањата што можеби не сакаме да ги слушнеме.
Зборуваме и за границата меѓу пасторалната грижа и професионалната помош за менталното здравје, зошто Живко сака неговата вера да биде предизвикана, како социјалните мрежи нè затвораат меѓу истомисленици и што значи за него намерно да биде татко.
Оваа епизода е поддржана од gifto.mk — платформа за подароци во форма на доживувања низ Македонија. Повеќе на: https://gifto.mk/podari
Партнер во четвртата сезона на „Како си?“ е ATG Macedonia. Повеќе на: https://atgmacedonia.com/
Содржина: (00:00) Интро (01:14) Како си? (01:31) ATG Warm-up (02:48) Што е ментално здравје за Живко? (05:12) Gifto.mk (05:43) Кога првпат почнал да размислува за своето ментално здравје (07:32) Отфрленоста и потребата да припаѓаш (11:17) Кој бил Живко пред 20 години? (13:36) Да оставиш еден животен правец и да почнеш друг (17:13) Како се соочуваш со стравот? (18:09) Луѓето кои ќе ти ги постават тешките прашања (21:08) Како изгледа животот на еден пастор? (25:10) Што кога пасторот нема одговор? (27:39) Кој се грижи за Живко? (29:49) Што кога молитвата „не функционира“? (31:38) „Молитвата во голема мера е борба“ (34:14) Верата и професионалната помош за ментално здравје (37:11) Што е духовно здравје? (39:12) Зошто ни требаат луѓе кои не мислат како нас (41:09) Социјалните мрежи и ехо-коморите (43:02) Како ги изложува своите деца на различни светогледи (44:52) Љубовта, слободата и можноста да кажеш „не“ (47:16) Што е Alpha Youth? (51:12) Како ќе изгледа Alpha Youth? (53:22) Зошто разговорот е поважен од предавањето (55:03) Вера што може да издржи прашања (56:02) Татковството (60:01) Што не сака неговите ќерки да наследат од него? (61:46) Прашање за публиката
Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција Камера & аудио: Сашко Петровски Монтажа: Сашко Петровски Уредник: Сандра Митреска Водител: Ѓорги Георгиев
Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.