Skip to content
Opens in a new window
Танцот не е само натпревар I Ања Јолакоска I 117
14 October 2026

Танцот не е само натпревар I Ања Јолакоска I 117

Како си? I Kako si?

About

Во 117. епизода на „Како си?“ гостинка ми е Ања Јолакоска, танчерка, кореографка и тренер.

Зборуваме за тоа како изгледа да растеш со танцот, да станеш тренер на 16 години и многу рано да преземеш одговорност за други. За самокритичноста, притисокот да бидеш подобра, споредувањето и моментите кога натпреварувањето може да те натера да заборавиш зошто воопшто си почнал.

Ања зборува и за „You Against You“, парчето преку кое се обидела да си одговори на дел од сопствените прашања, за учењето да бидеш присутен во моментот и зошто за неа танцот не треба да биде докажување, туку изразување.

Оваа епизода е поддржана од gifto.mk — платформа за подароци во форма на доживувања низ Македонија.
Повеќе на: https://gifto.mk/podari/

Партнер во четвртата сезона на „Како си?“ е ATG Macedonia. Повеќе на: https://atgmacedonia.com/

Содржина:
(00:00) Интро (01:12) Ања, како си? (02:37) Што е ментално здравје за Ања? (08:32) Споредувањето и новите генерации (09:44) „Танцот ме избра мене“ (12:32) Дали некогаш си доволно добар? (14:25) Притисокот што си го создаваме сами (22:38) Да не заборавиме да го живееме моментот (24:45) Кога натпреварот нè тера да заборавиме зошто сме почнале (27:42) Светско првенство на 17 години (29:30) Тренер на 16 и без сопствен ментор (39:05) You Against You (45:49) Напорна работа, прогрес и трпение (50:19) Како се создава едно танцово парче (55:36) Танцот не треба да биде докажување (57:09) Прашањето на Ања до публиката

Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција Камера & аудио: Сашко Петровски Монтажа: Сашко Петровски Уредник: Сандра Митреска Водител: Ѓорги Георгиев

Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.