Opens in a new window
indog X Стефан Николовски
01 August 2026

indog X Стефан Николовски

#CelebrateLifePodcast

About

Во епизода 113 разговарам со Стефан Николовски надоаѓачки музичар кој не потсетува дека македонската музика има богато наследство кое вреди повторно да се слушне.

Зборуваме за македонските евергрини, за гласовите на Зорица Поп Панкова, Сашка Петковска и другите великани кои оставиле белег. За Шпато. За тоа што ги прави тие песни безвременски - дали е мелодијата, текстот или едноставно искреноста со која биле создадени.

Ова не е разговор за носталгија. Ова е разговор за тоа како едно ново поколение ја открива и и дава нов живот на македонската музичка традиција.

Музиката не живее само во архивите. Живее секојпат кога некој ќе ја отпее повторно, ќе ја открие одново или ќе ја пренесе на следната генерација.