Некои места исчезнуваат. Приказните за нив остануваат.
Со Шале зборуваме за Скопје и за местата што со години ја создавале неговата културна и ноќна сцена — од Бастион, Ленинова, Трамполина, Барбакан и Минус Еден, до Кино Карпош, BKW и Бонобо.
Што прави едно место да стане повеќе од локал?
Како се создава атмосфера што ги тера луѓето повторно да се враќаат? И што останува кога местото веќе го нема?
Зборуваме за промените во градот, музиката, луѓето и различните генерации што го барале своето место во Скопје. И за Култиватор - фестивал кој повеќе од една деценија ја спојува музиката со филмот, визуелната уметност, модата и урбаната култура. Како се прави независна културна приказна и што значи таа денес за градот?
А бидејќи музиката секогаш е дел од приказната - на крај Шале ни го состави својот мал soundtrack на Скопје: Aphex Twin, The Orb, The Future Sound of London, Andrew Weatherall и Orbital.
Можеби градовите не се менуваат толку брзо колку што мислиме. Само луѓето, местата и музиката си го менуваат ритамот.
Скопје не спие. Само наоѓа нов ритам.
Like. Share. Contribute.