Нова година нова епизода 84 по ред. Иако денес сите одмарате, и јас треба ама не можам да не работам ништо па затоа и понеделнички започнуваме у ритамот на подкастот.
Гостин ми е Мирко Попов прилично маркантна фаца за наше поднебје и посветен културен работник изминативе 30 и повеќе години. Со Мирко разговаравме за последното винилно издание на Крај Вардарот Џез сесиите во Аудио култура, скоро 300 изданија на PMG recordings од кои 13 винили. Како е да се води музички label, Периодот кој што често јас го зборувам дека Скопје беше Лондон во втората половина на 90ти на кој што често циниците што не беа присутни на тој подиум се потсмеваат. (I’m sorry you weren’t there 😜) Секако го разбиваме и митот на Порано беше боље 🧐 103јка и начинот на размислување. Слободата во општеството и дискриминацијата, комплетната подиумска автономна слободна зона во Метропол и носењето на градот во прогрес. Иднината и нај новиот културен центар во Скопје Лабораториум каде што во петок на 5ти јануари со Мирко по повод промоција на #celebratelifepodcast ќе пуштаме заедно плочи. 🥳
Во 84тата епизода слушаме:
Уживајте