indog X Дијаспора - Скопје е срање брат, нема дух.. 21.12.2024
21 December 2024

indog X Дијаспора - Скопје е срање брат, нема дух.. 21.12.2024

#CelebrateLifePodcast
About

Веќе подолго време планирам да го пишам и снимам ова, и конечно, денес беше денот кога се чувствував инспириран од реални ситуации и муабети со луѓе. Знаеш како е, ваљда денес беше денот. Пред да почнеш да слушаш и читаш, разбери дека немам никаква намера да навредам некого или да го конвертирам во нешто „боље“. Личен избор и став 2024 година е, you get it? Како што го почитувам твоето, така почитувај го и ти моето. I’m ok, you are ok. Got it?


Порано едвај чекав да ги видам другарите и другарките од дијаспората кога ќе дојдат тука. Не знам, некако ти фалат во секојдневието, иако сме поврзани дигитално. Ама не можам да разберам зошто, човече, живеејќи во функционални општества, мора да ни натурате у фаца како е срање овде. Како немало дух, како сите биле катастрофа, како ништо немало. Скопје не е најдоброто место за живеење (немаме воздух и луѓе умираат од тоа, миљон зошто и затоа.), ама духот е уште тука. Скопје е нашата грутка и сме ги доживеале најбољите работи тука. Ок, и најлошите, ама кој ви курац од аспект на привилегираност да ни се насерувате цело време како било down тука?


Па нели ви е вас боље што не ни помогнете со вашиот дух да биде подобро кога доаѓате? Преку глава ми е цел живот да слушам како се било за џабе. Како за џабе сум цртал, сум зборел, сум снимал, сум се мачел со плочи. Како бе нема за кој? Па ние тука што сме бе – духови? У град каде што имате пет клуба со електронска музика во ера кога клубови затвораат низ Европа упорно се сере како ништо немало. И како сме биле поробени од турбо фолк и сељаци. So what? Демек сељаците ги немало порано? Уживааај! 


Алооо, дај излезете од дома и изгасете телефони. Мислам знам дека звучи лудо затоа што и јас сум го дрвел за носталгија и како е срање, ама јас не сум застанал изминативе 25 години да создавам и да партиципирам во културата и културниот живот. Знам дека културата им припаѓа само на привилегирани и нивните деца и дека само тие смеат да работат ама кој курац еј? Као да си го уништам ли животот, талентот и трудот затоа што само други смеат? Курац!


Имам јас и свои down фази (сум имал изложби за мртов град итн.), ама тоа секогаш било волја за подобро. Не контам зошто има потреба да се мрачи и мрази секој што пробува и работи нешто? Факт е дека сите мислат дека нивното е најбоље ама здружено може се да биде подобро. И се разбира има простор за сите – 2024 е, има повеќе народ што работи!


Знам дека ова ќе пројде као „види го овој“ и ќе продолжите да ми правите олошарски работи – да серете по газди да не ме викаат за музика и проекти (ама за тоа ќе ви се наебам друг пат) – и продолжете да веднете глави по улица коа ќе ме видите.


Скопје има се што има секој град во Европа и секогаш имало. Имало периоди кога било боље ама ваљда многу фактори зависеле. Парите не се така пресудни ако духот е буден и сака да живее.


Престанете со споредби кога не сте излегле со години. Има млади луѓе кои прават ок ствари, ги има и искусните луѓе со кои супер сте си проаѓале. И не можам да разберам како луѓе што со години им се дава шанса да партиципираат во културата и добиваат пари за истата упорно шират мрак и серат. 


Лудо е знам, откачено е и болно да се живее овде. Јас од далеку немам намера да глуметам среќен ама секој нека почне да се бави со тоа што го прави среќен и нека продолжи по тој пат.


Вклучете се во нешта за да си ги продолжиме работите што некогаш ни значеле за да зборуваме за истите во иднина. И да завршам со мојата омилена реченица: Да зборуваме за новото Скопје како за она што зборуваме пред 20 години.


Стварно не е битно што ќе направат тие, битно е што правиме и ќе направиме ние.


Се гледаме низ градот и по скопските улици!