#CelebrateLifePodcast
#CelebrateLifePodcast

#CelebrateLifePodcast

Podcast about everything that surround me... City life, Human rights, Cool people, New way of thinking, Progressive mindset, Humanity
indog X Дијаспора - Скопје е срање брат, нема дух.. 21.12.2024
21 December 2024
indog X Дијаспора - Скопје е срање брат, нема дух.. 21.12.2024

Веќе подолго време планирам да го пишам и снимам ова, и конечно, денес беше денот кога се чувствував инспириран од реални ситуации и муабети со луѓе. Знаеш како е, ваљда денес беше денот. Пред да почнеш да слушаш и читаш, разбери дека немам никаква намера да навредам некого или да го конвертирам во нешто „боље“. Личен избор и став 2024 година е, you get it? Како што го почитувам твоето, така почитувај го и ти моето. I’m ok, you are ok. Got it?


Порано едвај чекав да ги видам другарите и другарките од дијаспората кога ќе дојдат тука. Не знам, некако ти фалат во секојдневието, иако сме поврзани дигитално. Ама не можам да разберам зошто, човече, живеејќи во функционални општества, мора да ни натурате у фаца како е срање овде. Како немало дух, како сите биле катастрофа, како ништо немало. Скопје не е најдоброто место за живеење (немаме воздух и луѓе умираат од тоа, миљон зошто и затоа.), ама духот е уште тука. Скопје е нашата грутка и сме ги доживеале најбољите работи тука. Ок, и најлошите, ама кој ви курац од аспект на привилегираност да ни се насерувате цело време како било down тука?


Па нели ви е вас боље што не ни помогнете со вашиот дух да биде подобро кога доаѓате? Преку глава ми е цел живот да слушам како се било за џабе. Како за џабе сум цртал, сум зборел, сум снимал, сум се мачел со плочи. Како бе нема за кој? Па ние тука што сме бе – духови? У град каде што имате пет клуба со електронска музика во ера кога клубови затвораат низ Европа упорно се сере како ништо немало. И како сме биле поробени од турбо фолк и сељаци. So what? Демек сељаците ги немало порано? Уживааај! 


Алооо, дај излезете од дома и изгасете телефони. Мислам знам дека звучи лудо затоа што и јас сум го дрвел за носталгија и како е срање, ама јас не сум застанал изминативе 25 години да создавам и да партиципирам во културата и културниот живот. Знам дека културата им припаѓа само на привилегирани и нивните деца и дека само тие смеат да работат ама кој курац еј? Као да си го уништам ли животот, талентот и трудот затоа што само други смеат? Курац!


Имам јас и свои down фази (сум имал изложби за мртов град итн.), ама тоа секогаш било волја за подобро. Не контам зошто има потреба да се мрачи и мрази секој што пробува и работи нешто? Факт е дека сите мислат дека нивното е најбоље ама здружено може се да биде подобро. И се разбира има простор за сите – 2024 е, има повеќе народ што работи!


Знам дека ова ќе пројде као „види го овој“ и ќе продолжите да ми правите олошарски работи – да серете по газди да не ме викаат за музика и проекти (ама за тоа ќе ви се наебам друг пат) – и продолжете да веднете глави по улица коа ќе ме видите.


Скопје има се што има секој град во Европа и секогаш имало. Имало периоди кога било боље ама ваљда многу фактори зависеле. Парите не се така пресудни ако духот е буден и сака да живее.


Престанете со споредби кога не сте излегле со години. Има млади луѓе кои прават ок ствари, ги има и искусните луѓе со кои супер сте си проаѓале. И не можам да разберам како луѓе што со години им се дава шанса да партиципираат во културата и добиваат пари за истата упорно шират мрак и серат. 


Лудо е знам, откачено е и болно да се живее овде. Јас од далеку немам намера да глуметам среќен ама секој нека почне да се бави со тоа што го прави среќен и нека продолжи по тој пат.


Вклучете се во нешта за да си ги продолжиме работите што некогаш ни значеле за да зборуваме за истите во иднина. И да завршам со мојата омилена реченица: Да зборуваме за новото Скопје како за она што зборуваме пред 20 години.


Стварно не е битно што ќе направат тие, битно е што правиме и ќе направиме ние.


Се гледаме низ градот и по скопските улици!


indog X Бистра, Скопје – градот на солидарноста. 26.07.2024
26 July 2024
indog X Бистра, Скопје – градот на солидарноста. 26.07.2024

61 година од катастрофалниот земјотрес, Скопје – градот на солидарноста. На овој ден, колку и да е клише, не потсетува на нашата длабока љубов и приврзаност кон Скопје, и покрај неговите сегашни предизвици и падови.


Мојот град е и необичен и обичен, тивок, гласен, бучен, буден, тажен, познат, а секојдневно те изненадува, одвратен, брз и бавен – зависи за кого како и тоа е ОК! Седам на улица, разговарам со непознати луѓе, галам бездомни кучиња, го набљудувам од различни перспективи. Сокачарам, се радувам и плачам во него. На моменти се чудам како може уште да ме инспирира, а веќе следниот момент создавам нешто ново, како да правам нешто за прв пат. Ги обожавам зајдисонцата и изгрејсонцето. Имам разбирање за кретени (често и не). Луѓето во овој град се уште ме инспирираат, и со задоволство ги чекориме заедно овие улици.


Создавам инспириран од животот во мојот град, таков каков што јас го сакам и во кој уживам. Пуштам плочи и се радувам како да имам 10 години. Непознати луѓе кои уживаат во моите плочи ми даруваат насмевки и задоволни лица поради музиката и тоа што го создавам. Со часови седам во локалот кај нашиот бариста во ќошот и цртам како времето да не постои. Кркам депресии, радости, љубови и падежи, угорници и удолници. Анксиозност доста ми е од тебе, досадна си. Имам со кого да споделам и радост и тага. Уште мислам дека луѓето се добри и дека можат да се подобрат.


Скопје е емоција. Ако некогаш сте ја доживеале, таа длабоко е врежана – често како болка во желудник и грутка во грло, нова носталгија и желба за подобра иднина. Современа култура и весели улици. Живеење од ден за ден. Жега, гушење од немање воздух, непроспиени ноќи. Тренинг у 7 сабајле. Возење точак со часови и без поента со слушалки на уши. Татнеж и волја за ново. Луѓе што не искажуваат емоции, а прекорно те гледаат кога се отвораш, соголуваш, споделуваш, дека се исцелуваш. Суета е тешко срање.


Скопје – градот на солидарноста засекогаш, и нужна потреба да се потсетува зошто е тоа така. Музика, музика, музика и необични облеки. Градски парк, подиум и патики полни скопска прашина. Еуфорија, жена парк, желба за нови дрвја, фонтани. Современа култура, повеќе точаци од коли. Другари и другарки од дијаспора со спомени. Луѓе што се праат дека не те познаваат, а некогаш сте биле блиски. Кенкање дури и кога е добро. Шприцер, љута вотка, салата. Луѓе на кои им значи се што се создава, и се мисли на иднината. И се разбира, и ТИ!


Да зборуваме и создаваме за ново Скопје за 20 години, како што зборуваме за она пред 20.




Текст: indog


Нарација: Бистра Георгиева, indog, #streetsofskopje #skopjememories


Скопје 2024




indog АМ шоу 03.06.2024
03 June 2024
indog АМ шоу 03.06.2024

Јунско утринско утро низ улиците на Скопје. Јуни е месецот со еден тон мириси, меѓутоа тој од липите е најспецифичен за Скопје. (Знам, клише муабет, ама кој ве шиша – липите се дел од Скопје и од нашите мемории). Секогаш кога мирисам липи после дожд, се чувствувам како да сум паднал во шолја чај од истите. Имавме технички проблеми утрово, и додека залауфам, ми требаше време, ама се е ок. Зборував како си поминав у петокот во Бафо бар, пуштајќи плочи, и дека викендов бев на еден одличен тренинг и работев со супер луѓе. Утрински теми околу музиката и желбата кон #foreveronvacation vibe, како и колку беше добар мојот утрински тренинг :) И колку е битна искреноста во животот, итн... и се разбира каде пуштам плочи викендов. 


Слушавме:



    Brian Eno - Always Returning.
    Tosca - Tropical.
    El Michels Affair - Villa.
    Typesun - Last Home (DJ Nature Remix).
    Unforscene - Allright.
    KAYTRANADA, Rochelle Jordan - Lover/Friend.
    Levon Vincent - Theme Song.
    musclecars - Dream Boy.
    Svetlost - Everything Was as It Had Been a Minute Ago.
    Death In Vegas - Dirge.
    Medicine 8,  Kurtis Hardrive - Cry Baby.

indog АМ Шоу 13.05.2024
13 May 2024
indog АМ Шоу 13.05.2024

Сончево утро низ улиците на Скопје, добро дојдовте во 103тата епизода на #celebratelifepodcast


Денес, по две недели, се вратив во студиото и во живо. Распустот помина супер. Зборував за артистите од епизодата и колку се одлични сите песни. Споделив како се забавував пуштајќи музика во Макка и во Бистро комедија, и најавив дека оваа сабота пуштам денски во Бруталиск, па дојдете да слушаме плочи. Зборував малку за Влада Дивљан и песната Милена, дека не ги разбирав Идоли како дете и мислев дека се лигави, но сега не е тоа така. Зборувам за прераното напуштање на Steve Albini и неговото гостување со Shellac во Скопје, како и колку многу јаки дји и музичари сме гледале тука. Се споменаа и 25 години од албумот на Basement Jaxx, како и 29 години од циу циу или "higher state of consciousness" на Џош Винк. Прекрасен момент од носталгија за плочите ми го донесоа другарите и другарките од дијаспора за распустов, како и стандардни теми присутни низ подкастов.


Слушавме: 



    Lionmilk - shaneen.
    Akua Naru - Poetry: How Does It Feel Now???
    King of Convenience - Misread.
    Monday Michiru - I´m gonna love You just a little more Babe.
    Idoli - Malena.
    Shellac - Didn’t We Deserve a Look at You the Way You Really Are.
    Pet Shop Boys - New London boy.
    Nirvana - Heart-Shaped Box.
    Magnus - Summer's Here.
    Dan Curtin & Mike Filly - The Longest Night.

indog X Каков град? (Ни треба) - 01.05.2024
01 May 2024
indog X Каков град? (Ни треба) - 01.05.2024

Во неделата на 28.04.2024 имав прилика да бидам дел од "Каков Град?" - просторна интервенција, перформанс и музички настан во прекрасната Железничка зграда во Скопје.


Во еден едукативен процес на читање на градот, се обидовме заеднички да одговориме на прашањето: Каков Град? (Ни треба). Тука се неколку одговори, а на настанот во неделата имаше уште многу повеќе, фокусирајќи се на прашањата во која насока го гледаме нашиот иден Град.


Каков Град? - Инклузивен? Ксенофобичен? Мултифункционален? Барокен? Со (нова) универзална сала? Со нови згради? Со трамвај? Со жени? Со мажи? Со прајд? Со Роми? Демократски? Тоталитарен? Со доградено Скопје 2014? Од стиропор? Од бетон? Партиципативен? Со младински културен центар? Со пензионери? Со споменици? Антифашистички или националистички? Со Вергини? Со Пајтони? Со БРТ? Ослободени тротоари? Со млади? Без млади? Какви млади? Млади? Со независна културна сцена?


Слушнете ги: Крсте, Димитар, Мартина, Ивана, Филип, Dee, Ангела, Лени, Томе што мислат за градот, заедницата и јавниот простор.


Уживајте!


indog АМ шоу 15.04.2024
15 April 2024
indog АМ шоу 15.04.2024

Понеделничко прекрасно пролетно утро низ улиците на Скопје! 99-та епизода во сезона 5! Зборував како добро си пројдовме на вчерашниот BBQ настан на Sure shots во Three kitchen и колку беше убаво во дворот. Понеделнички ме разбуди супер порака од другарка ми Елена: "Вратена сум, ти ги донесов плочите." Уште сум импресиониран од пролетта, па неизбежно беше и за тоа да се прозбори и дека пролетта е период на промени, и колку е убаво што во градот каде што живееме има планина и природа во која што може да уживаме. Во 100-тата епизода гости ќе ми бидат Pandemonium радио другарите Irie Scratch и Трајче (Хеј Хеј!). Викендов имаше Coachella и зборев малку за тоа. Во сабота се случува record store day во Буква и ќе пуштам плочи таму, пројдете таму. Бидете добри, внимавајте на себе и на останатите, и да бидеме по фини едни кон други. Сите поминуваме низ различни работи и состојби.




Слушавме супер музика како и секогаш: 



    Bruno Berle - Tirolirole.
    SZA - Kill Bill.
    Joe Goddard ft. Fiorious - New World (Flow) Roman Flügel Remix.
    MPB 4 - Palhaços E Reis.
    Kamasi Washington - Street Fighter Mas.
    Dream 2 Science - How Do I Love Thee.
    Damiano von Erckert feat. Tito Wun - Reelluv.
    The Flair & Dave Morrissey Jr. - So Far.
    Rob Redford - We Will Be Here.
    Bolis Pupul - Kowloon.

indog АМ шоу 08.04.2024
09 April 2024
indog АМ шоу 08.04.2024
Пролетно утро низ улиците на Скопје. Јас во chill out состојба... Едвај извежбав овој понеделник и некако целиот бев спор, ама секогаш ми е ок кога имам емисија. Понеделници sux, знам, ама се трудам колку што можам да сум ок со тоа :) Блазеси им на тие што понеделниците не им се терет. Legalize 4 days weekend! Зборував колку е убава пролетта и како си пројдов, пуштајќи плочи во Саботата во Лабораториум и колку ми значат Nirvana. Затемнувањето на сонцето што имаа прилика да го доживеат оние во Америка. Ја споделив и програмата на новото издание на фестивалот Крај Варадрот Џез и дека не треба да се пропушти настапот на Поетроника (ако мене ме прашувате). Итн…
Слушавме спора, нежна и одлична музика: 

Sonic Youth - I Love You Golden Blue.
Nirvana - Come as You Are.
Deafheaven - Near.
a.s.o. - Love in the Darkness.
SCSI-9 - The Line Of Nine.
Lufthansa - Јапонија.
The Libertines - Songs They Never Play on the Radio. 
Fadi Mohem - Endless.
Tiga, Hudson Mohawke - IN ORDER 2.
Mihail P - Moon Chaser.
Eddie Richards - Soul Is Life.

Уживајте! 
indog АМ шоу 01.04.2024
03 April 2024
indog АМ шоу 01.04.2024

Пролетно расцутен понеделник и убав поглед низ улиците на Скопје, исполнет со велосипеди, пешаци и маскирани лица :) 97-мата епизода во сезона 5 и благодарност кон пролетта. Зборував за промоцијата на Поп Култура и колку убаво пројде и колку е убаво што излезе оваа плоча на млади артисти. Оваа епизода му ја посветувам на Мирко Попов и она што тој го правеше за овој град и го читав неговиот текст по повод 200-тото издание на ПМГ Рекордингс. Многу ми е драго што го познавав тој човек и што исто снимивме една епизода, а разговаравме и планиравме да бидат повеќе… Живот… Културата е многу важна и битна, веќе тоа го знаете. Исто спомнав како си пројдов пуштајќи плочи на првиот пролетен ден и љубилејната 30-ка на една другарка и разни други теми. И дека музиката е прекрасна терапија. Исто спомнав колку беше лудо на концертот на Lufthansa и колкуууу беа добри и колку се бендиште. Им посакувам да ги сретне некој добар агент сега на турнејата. Слушнете го нивниот нов албум (има и видео клипови кај мене на YouTube).


Слушавме прекрасна музика како и секогаш: 



    Mikkel Metal - Octarine (Original Mix) (Pop Ambient 2024).
    Blank Gloss - The Replacement Wheel (Original Mix) (Pop Ambient 2024).
    serpentwithfeet - Rum / Throwback (album GRIP 2024).
    Ben Kaczor - Ludilo (Vida Voyage Remix) (Petrovo Uho Remixes Part III/III 2023).
    Freddie Jackson - Love Is Just A Touch Away (Intro Clean) 1985.
    Laika - Breather (Sounds of the Satellites 1997).
    PMG Kolektiv - after-hours (album Resonator 2018).
    Gideon Jackson & Nino Naumov - Serious Fun (Original Mix) [London Housing Benefit, 2003]
    Mellow - interlude (Album Another Mellow Winter 1999).
    Lufthansa - Kula (2024).

Би благодарам што ме слушате во понеделник и потоа на streaming платформите.


Уживајте.