Беседа - XLIII - Спонтаност и контрола
27 October 2025

Беседа - XLIII - Спонтаност и контрола

Беседа

About

Во епизодата „Спонтаност и контрола“ ја отвораме тенката линија меѓу дисциплинираното дејствување, одговорноста и довербата во процесот.

Тргнуваме од прашањето:

Како да се живее со радикална одговорност – како сè да зависи од нас – и истовремено со предаденост – како ништо да не зависи од нас?

Наместо да ја бараме златната мерка што се нагодува во и за секој миг, ние нудиме екстремно решение - живеење со двете екстреми истовремено.

Го разгледуваме психолошкиот профил на преземање безгранична одговорност, заедно со целосна верба во процесот. Објаснуваме како се гради интегрирано јадро на две навидум контрадикторни карактеристики и поведенија - дисциплина и доверба.

Во над-концептуалната и духовна димензија, говориме за дејствување со опуштеност: да работиш како сè да зависи од тебе, и да отпуштиш како ништо да не зависи од тебе – таму се раѓа мирот под притисок кој е карактеристичен на новата над-концептуална парадигма на човештвото.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.

Контакт: beseda-beseda@proton.me

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K

Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast

X: https://x.com/BesedaPodkast

Odysee: https://odysee.com/@beseda

Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816

YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast

Telegram: https://t.me/besedapodkast

RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.