Беседа - LXIII - Елитност и елитизам
03 May 2026

Беседа - LXIII - Елитност и елитизам

Беседа

About

Во шеесет и третата епизода на Беседа се отвора темата за елитноста и елитизмот, поими кои често се отфрлаат како негативни, но ретко се анализираат во својата суштинска двојност. Оваа епизода прави јасна разлика помеѓу природната елитност, која произлегува од квалитет, и извитоперениот елитизам, кој се одржува преку системска заштита и привилегии.

Елитноста е природна појава: во било која област бројноста на единки, производи, поединци, заедници... е обратнопропорционална со височината на квалитет. Повисок квалитет - помалку нешта кои го поседуваат или задоволуваат.

Елитизмот е, пак, злоупотреба на сегашната или предходна елитност со цел да се задржат привилегиите и придобивките од истата без да се вложува понатамошен напор во (себе)подобрувањето. Со други зборови, да се ужива статусот на елита без да се вложува соодветен напор и жртва.

Втората појава (елитизмот) доведува до мешањето на двата поима и неправедното создавање на одбивност кај обштата популација кон оние кои заслужено станале елити поради своите лични заложби, квалитети, напори и жртви.

Затоа, во нашата епизода ги разложуваме двата поима, укажуваме која е разликата меѓу нив, и зашто треба да се стремиме кон лична, генетска и обштетсвена елитност (надпросечен квалитет и усовршување), но да внимаваме да не паднеме во замката на елитизмот и надменоста.

Решението е преку достигнување лична, генетска и обштествена понизност.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.

Контакт: beseda-beseda@proton.me

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K

Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast

X: https://x.com/BesedaPodkast

Odysee: https://odysee.com/@beseda

Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816

YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast

Telegram: https://t.me/besedapodkast

RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.