Беседа - LII - Прашања со Писателот
29 December 2025

Беседа - LII - Прашања со Писателот

Беседа

About

Во педесет и втората епизода на Беседа, последната за првата сезона и година, „Писателот“ влегува во улога на оној што прашува – поставувајќи нѝ длабоки, понекогаш провокативни прашања за философијата, вистината и можноста да се живее надвор од крути концепти. Наместо класично препрашување, епизодата тече како жива философска беседа во која секој од нас, еден по еден, се обидува искрено да одговори, па потоа заедно ги расклопуваме сопствените одговори.

Разговараме за тоа што воопшто значи „философија“ во жив контекст – не како академска дисциплина, туку како пракса на длабоко прашување и искрено сомневање во сопствените претпоставки. Потоа се насочуваме кон проблемот на вистината: дали вистината е „таму надвор“ како факт, „во нас“ како искуство, или се раѓа во живиот дијалог помеѓу сознанието и стварноста. Во втората половина од епизодата зборуваме за напуштањето на концептите – што значи да се излезе надвор од менталните рамки без да се падне во хаос и релативизам. Го истражуваме просторот на тивко присуство, каде зборовите се алатки, а не затвори, и каде вистината е повеќе состојба на свест отколку формула.

Епизодата завршува со нашите желби и повелби за иднината на Беседа.

Среќна нова година драги наши следачи, и се гледаме во новата 2026-та година со нови теми и разговори!

Поздрав,

Екипата на Беседа

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.

Контакт: beseda-beseda@proton.me

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K

Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast

X: https://x.com/BesedaPodkast

Odysee: https://odysee.com/@beseda

Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816

YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast

Telegram: https://t.me/besedapodkast

RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.